Жртвите на семејно насилство гласни, сторителите бројни. За една година биле пријавени 4293 сторители наспроти 4327 жртви. Статистиката е алармантна за деца жртви на семејно насилство. До надлежните биле пријавени 14 прекршоци врз деца од страна на нивните родители. Најмногу им се упатувале вербални напади, а не изостанувале ниту малтретирањата во туѓ стан и физички напад. Институциите изрекле повеќе од 1000 казни за кривични дела на семејно насилство. Жртви биле 96 деца. Некои добиле телесни, други потешки повреди а имало и малолетни врз кои родителите посегнале по нивниот живот.
„Од психолошки аспект насилството кај децата влијае многу страшно и ужасно со тоа што главни последици се врзани за самодоверба, анксиозност и депресија е најчестата појава која што се појавува кај децата. Пострауматски стрес е скоро секогаш присутен“ изјави Фики Гаспар, психолог.
Децата сведоци или жртви на семејно насилство доживотно ја носат болката. Секое дете ќе биде различно погодено од траумата предизвикана од семејна злоупотреба и насилство, сметаат психолозите.
„Од психолошки аспект насилството кај децата влијае многу страшно и ужасно со тоа што главни последици се врзани за самодоверба, анксиозност и депресија е најчестата појава која што осе појавува кај децата. Пострауматски стрес е скоро секогаш присутен. Попречува и во сите други работи како релации, близина и доверба во останатите луѓе возрасни и врсници. Најчесто децата коишто поминуваат низ процес на семејно насилство имаат и многу потешкотии во училиште, посебно социјалниот контекст е доста зафатен. Многу често се гледа повлеченост или изолација којашто е за жал класични симптоми кај анксиозност и депресијата. И главно не само периодот кога се случува тоа насилство, туку и многу понатаму и во текот на возраста кога стануваат возрасни знае да влијае. Многу често работиме со возрасни коишто во текот на своето детство биле изложени на одредено насилство и е процес којшто е тежок и за работа, тежок и за надминување“ вели психологот Фики Гаспар.
Оправдување нема, а разговорот во овој процес е најважен, затоа надлежните апелираат до жртвите да побараат помош. Клучна улога во решавање на овој проблем имаат и стручните служби, психолози, центри за социјални работи кои ќе се грижат и работат со нив.
Симона Петровска