Вести Свет Топ вести

Историски ден за зајакнување на НАТО алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, самитот во Хаг го нарече историски, кој би можел да ја обедини најголемата светска безбедносна организација околу поголемите обврски за трошење во одбраната. Речиси сите членски на Алијансите се согласни дека треба да одвојат 5% од БДП, но сепак ќе бидат потреби посебни напори за да ги убедат Шпанија и Словачка во тоа.

Нова обврска за трошење на одбраната или продлабочување на поделбите меѓу сојузниците- НАТО самит во Хаг. Генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте дециден дека сите сојузници на НАТО ќе мора да издвојат 5% од својот БДП за трошење на одбраната. Заблагодарувајќи му се на претседателот на САД, Доналд Трамп за можноста за оваа промена, Руте најави историски трансформативни одлуки за посилна и пофер Алијанса.

  • „Предолго време, еден сојузник, САД, носеше премногу од товарот на таа обврска. И тоа се менува денес. (САД) Претседателе Трамп, драг Доналд, вие ја направивте оваа промена можна. Вашето лидерство во ова веќе произведе еден трилион долари дополнителни трошоци од европските сојузници од 2016 година. А одлуките денес ќе произведат трилиони повеќе за нашата заедничка одбрана за да нè направат посилни и пофер преку изедначување на трошоците меѓу Америка и сојузниците на Америка“ – Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Пред една недела Руте беше оптимист дека европските членки и Канада ќе се обврзат да инвестираат барем толку од својот економски раст во одбраната колку што тоа го прават САД. Но потоа Шпанија ја отфрли новата цел на НАТО секоја земја да троши 5% од својот бруто домашен производ за одбрана, која Трамп ја нарече „неразумна“, а Алијансата започна да работи на обезбедување консензус од сите 32 членки.

Канада порано беше најголемата главоболка на НАТО поради нејзиното хронично недоволно трошење за одбраната. После Шпанија и Словачка е на второ место по разгорување на гневот меѓу членките на Алијансата. Холандскиот премиер Скуф денеска  истакна дека 10 години сепак се доста долго време.

  • „Сè уште е долго време. Во однос на нашата безбедност, 10 години е доста долго време, па затоа мислам дека сите треба да ги зголемиме нашите трошоци за одбрана, треба да зголемиме 3,5 и 1,5%, но она што е важно е дека трошоците за одбрана се поврзани со капацитетите што ги дефинираме, потребно ни е да се осигураме дека нашето одвраќања и одбрана се на вистинската позиција“ – Дик Скуф премиер на Холандија.

На Самитот во Хаг, претседателот на САД, Доналд Трамп е на средба со неговите колеги од НАТО. Европските сојузници и Канада, исто така, сакаат Украина да биде на врвот на агендата на самитот, но се претпазливи дека Трамп можеби нема да сака претседателот Володимир Зеленски да го привлече вниманието.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фросина Кулакова-детето ангел денес ќе наполнеше 23 години

Дејан Дејан

Села: Европскиот фронт“ нема да го поддржи законот за правична застапеност

Дејан Дејан

За уште една година САД ја продолжија вонредната состојба околу Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе