Дел од покрив се урна денеска на меѓународниот аеродром во Мајорка.
Остатоци и стакло паднаа од покривот во просторот за преземање на багаж на аеродромот Сон Сан Хоан на шпанскиот остров попладнево. Инцидентот се случил во моменти на голема фреквенција на патници, со оглед на илјадниците туристи кои ја посетуваат Мајорка во текот на летната сезона.
Инцидентот, за среќа, мина без повредени. Според извештаи на локалната полиција, најголемиот удар го поднеле автоматите за грицки и пијалоци во просторот за летови за поаѓање.
Областа веднаш е заградена од персоналот и обзбедувањето, а патниците биле пренасочени кон други излези.