Вести Македонија Најважни

Клацкалка меѓу желбите, ветувањата и реалноста – една година од мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатата година, Владата се клацка меѓу желбите и ветувањата од една страна и реалноста од друга. Нешто поради објективни околности, но нешто и поради лоша проценка. Почнаа со ветувања за економски раст и борба со криминалот и корупцијата, како и темелни реформи на правосудниот систем.

На јавниот отчет за сработеното во првата година од мандатот, премиерот Христијан Мицкоски рече дека почнале силна борба против криминалот и корупцијата, со акции против оние кои досега се сметале како недопирливи, но ги повтори критиките против правосудниот систем.

По доаѓањето на власт, Мицкоски најави разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и смена на Судскиот совет. Постапката против Коцевски запре поради истрагата за Кочани, а Судскиот совет немаат надлежност да го разрешат.

„Судските реформи не може да дојдат од извршната власт, не може да дојдат од законодавната власт, законодавната власт може да асистира, да помогне со Закони и подзаконски акти, но не може да ја промени битта, однесувањето и правната култура кај судската власт. Судската власт кај нас ќе се реформира кога ќе реши дека е трета еднаква власт со сите други. Секое мешање од страна на која било влада е само ПР и ништо повеќе“, вели универзитетскиот професор Ненад Марковиќ.

На економски план, растот на економијата во првиот квартал е 3,2 отсто, еден од највисоките во Европа, но сè уште далеку од предизборните ветувања за раст од најмалку пет отсто годишно. Невработеноста е благо намалена на 11,7 отсто, но загрижува загубата на работни места во преработувачката индустрија. Јавниот долг е намален, но британскиот кредит предизвикува загриженост за евентуално зголемување на задолженоста.

Изјава: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Странските инвестиции се на рекордно ниво од над 1,2 милијарди евра. Просечната плата и пензија се зголемени, но зголемувањето е изедено од инфлацијата од над 4 отсто, чие стабилизирање ќе биде еден од најголемите предизвици.

Срѓан Стојанчов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе