СДСМ ги објавува првите 19 кандидати за градоначалници. Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници.
„Дозволете да информирам за донесената одлука на Извршниот одбор да се даде согласност за кандидатура за градоначалници на неколку општини од страна на СДСМ. Имено, во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето.
Во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето и оваа согласност понатаму на крајна одлука ќе ја доставиме до Централниот одбор на партијата тогаш кога ќе комплетираме сите општини“ изјави Филипче.
Објавени 19 кандидатите за градоначалници од страна на СДСМ:
-За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
-За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.
-За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
-За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.
-За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.
-За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.
-За Општина Лозово, Ацо Велковски.
-За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
-Општина Богданци, Блаже Шопов.
-Општина Дојран, Ристо Џинев.
-Општина Могила – Зоран Ристевски.
-Општина Неготино, Петар Мантев.
-Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
-Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.
-Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.
-Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.
-Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.
-Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.
-Општина Гази Баба, Влатко Митовски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.