Има отсуството на визија за начинот на функционирање на СИРЕРА – системот кој е предвиден како електронска платформа која ќе служи како алатка на Советот за рамномерен регионален развој при креирање и спроведување политики.
Системот од една страна и отсуството да не се презентираат точни и веродостојни податоци, за начинот на пласирање на средства по региони доведе тој да се храни физички и хартиено со различните министерства.
„Овој систем во суштина треба да презема автоматски податоци од трезорската канцеларија на Буџетот на РСМ ќе имавме во точни информации. Нормално е дека нема да имаме точни податоци. Според извештајот се укажува што се случувало во 2023 година, колку средства се дадени на одредени општини без да има одредени критериуми. Тоа значи дека во 2023 година финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми. Во сегашната состојба имаме имаме јавен оглас кадешто се поканети сите единици на локална самоуправа и сите имаат подеднакви можности да се натпреваруваат“ изјави Максим Ацевски, главен Државен Ревизор во вечерашната Топ Тема.
Тој додава дека она што е најтрагично е отсуството на јасна визија за рамномерниот регионален развој со што се предизвикуваат далекусежни последици.
„Имаме 205 населени места во кои нема ниту еден жител, имаме 218 населени места коишто се под 10 жители. Повикајте академици и прашајте ги какви се пресметките за нашата демографија во наредните 30 години. Со ваков регионален пристап не верувам дека ваквата тенденција ќе запре“ додава Ацевски.