Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија насочува удари само кон воената индустрија во Украина, а не кон станбените области. И покрај ваквите тврдења, во последните жестоки напади на Киев беше погодена деветкатница а од под урнатините извлечени тела на 28 жртви од нападот.
Путин истакна дека Москва ќе ги постигне своите цели за „демилитаризација“ на Украина и предупреди Германија да не ѝ доставува ракети со долг дострел на Украина, тврдејќи дека тоа може да ја вовлече Германија во директен конфликт.
Тој предупреди дека украинската страна треба да прифати руски услови за мир, во спротивно ситуацијата може да се влоши.