Носачот на авиони Џералд Р. Форд, најголемиот и најмодерен воен брод на САД, ќе исплови од источниот брег на САД кон Европа на редовно планирана мисија, соопшти американската морнарица.
Но, неговото присуство во регионот истовремено му обезбедува на претседателот Доналд Трамп и третa опција за носач на авиони, додека ги разгледува можните воени одговори на ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран.
Носачот претходно беше распореден во источниот Медитеран по нападите на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, како знак на поддршка и одвраќање. Со ова САД наскоро ќе имаат три носачи на авиони распоредени во критични точки во близина на конфликтната зона.
Ова значително засилување на американското поморско присуство ја зголемува подготвеноста за потенцијален одговор, додека Вашингтон и сојузниците проценуваат дали и како да реагираат на иранските ракетни напади врз Израел и израелските контраудари врз ирански нуклеарни објекти. Трамп претходно рече дека Вашигтон има одобрено планови за напад но дека се уште не е донесена конечна одлука.