Вести Македонија Топ вести

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Откако ја избра фирмата која ќе ги урива дивоградбите во Кочани, вршителот на должност градоначалник, Венко Крстевски денеска до јавното обвинителство поднесе и кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба во кочанскиот Трговски центар. Според Крстевски, по направените контроли утврдено е дека и Трговскиот центар наликува на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Во пријавата стои дека угостителските услуги се вршат во дивоградби и елаборатите не соодветствуваат со реалната слика. Тој се надева дека Обвинителството брзо ќе реагира.

„Како е можно да се прават елаборати кои не соодветствуват со реалната слика, нешто по примерот на „Пулс“. Даден е налог за постапување на инспекторката за животна средина  да ги провери елаборатите на сите угостителски објекти и дали соодветствуват со нивната реална слика. Со жалење може да констатирам дека на угостителите кои работат поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните“, изјави в.д.градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.

Крстевски побара одговори и од Агенцијата за храна и ветеринарство и Држаниот пазарен инспекторат како е можно да толерират угостители кои работат во дивоградби и претставуваат сериозна закана по безбедноста на граѓаните.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека како инспекторат немаат право да отстрануваат дивоградби, но за сите констатирани нерегуларности се издадени платни налози и известена е општината, а контроли има редовно на цела територија на државата. Од Агенцијата за храна и ветеринарство со одговор дека и тие немаат надлежности за кои се повикани.

„АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа. Основно е операторите да се рагистрираат како оператори со храна во АХВ за што, освен пополнетото барање  за регистрација на објектите и операторите со храна од неживотинско потекло, потребно е да го достават и  решението за упис во Централен регистар, доказ за право на користење на објектот и доказ за платена административна такса“, велат од АХВ.

Угостителите сметаат дека градоначалникот Крстевски има селективен пристап кон дивоградбите, бидејќи со уривањето не почнува од 700 објекти кои чекаат на извршување со години. Тие се подготвени повторно да седнат на маса со градоначалникот и да им се објасни што смеат, а што не смеат да постават пред објектите.

„Рушењето на времените објекти нема да биде од корист ни на нас сопственциите и вработените, ниту на општината, а најмалку на граѓаните. Поради ситуацијата со трагедијата во Кочани имаме намален промет, едвај опстојуваме и врзуваме крај со крај, а рушењето за нас значи клуч на врата на пицериите“, се вели во соопштение на угостителите во ТЦ Кочани.

Угостителите сметаат дека избрзани одлуки можат да го доуништат градот кој по пожарот во дискотеката „Пулс“ веќе со забрзано темпо замира. Инаку обвинителството потврди дека утре на барањето на родителите на загинатите ќе имаат средба во Кочани, а на која ќе им биде појаснето обвинието.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Можеби ќе нападнеме, можеби не, никој не знае што ќе направам – Трамп за можен напад на САД врз Иран

Дејан Дејан

Американски конгресмени: Ако Иран не ја прекине нуклеарната програма, САД се подготвени да дејствуваат

Дејан Дејан

Прво анализа, па трајно решение – министерот Алиу за паркингот на Клинички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе