Вести Македонија Топ вести

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

Точно три месеци од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Кочани и регионот се уште живеат со колективната траума, по загубата на младите луѓе.

Делегација од шведскиот град Гетеборг, каде во 1998 година исто во дискотека животите ги загубиле 63 лица во наредните три дена ќе биде во Кочани и ќе ги споделат своите искуства.

Велат времето не можеме да го вратиме, ниту пак да ја залечиме болката , но затоа пак можеме да понудиме модули кои ќе помогнат раните побрзо да заздрават.

Ние го споделуваме вашиот очај и вашата болка. Истовремено видовме луѓе кои работеа ден и ноќ, за да им помогнат на децата и младите повредени во пожарот ги носеа во болниците овде и насекаде во Европа. Кога започна трагедијата луѓето се соединија за да им помогнат и да направат нешто за оние  на кои помошта им беше неопходна. Оваа трагедија во Кочани не потсети нас, за пожарот во дискотеката во Гетеброрг каде загинаа 63 млади Швеѓани и над 200 повредени, рече амбасадорката Ларсон Џаин.

Психолозите и кочанската локална власт порачаа дека секоја помош е добредојдена за родителите на загинатите млади луѓе, семејствата на повредените, но и населението кое живее во кочанскиот регион.

Седумчлената делегација од Шведска составена од социјални работници, пожарникари и преживани во пожарот во Гетеборг во наредните три дена низ разговори, панел дискусии со семејствата на загинатите и повредените ќе го пренесат своето искуство.

Инаку денеска пристигна и компресивната облека за повредените со изгореници, а волонтерите од Сапорт Кочани кои ја обезбедија по пат на донации ќе ја достават до болницата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе