Вести Економија Македонија Топ вести

Министерката Кочоска од утре во потрaгата по милијарди за брзата пруга

Од утре министерката за финансии Кочоска ќе почне да бара  пари за брзата пруга. Од околу 15-тина финансиски институции,  меѓу кои има и познати имиња ќе се обиде по поволни услови да обезбеди 1, 9 милијарди евра за изградба на пругата од Табановце до Гевгелија.

Проект нема, но за да се обрати до глобалните банкари доволна била физибилити студијата од неколку страници. Рокот за доставување на понудите најверојатно ќе биде до крајот на јуни.

Треба да видиме точно колку банки за да видиме колку време им треба и на нас и на нив. Мислам дека некаде до 30 јуни ќе треба да се достават понуди но сочекајте да го пуштиме писмото и да видиме до кога точно ќе го ставиме крајниот рок за добивање на понудите, вели министерката за финансии Димитриеска Кочоска.

Во однос на тоа како повлекувањето на парите ќе влијаат на јавниот долг, до сега неколку пати беше потенцирано дека ќе остане на одржливо ниво. Министерката Кочоска тврди дека кога ќе се повлечат средствата тие ќе бидат вкалкулирани, но паралелно течат исплатите на стари обврски кои доспеваат.

 

 Ние склучивме договор за соработка со Велика Британија, каде што Британската експорт банка е таа која што ќе даде гаранција дека доколку не го враќаме кредитот, тие ќе го вратат во наше име што, во суштина, значи нашиот кредитен рејтинг на некој начин го подобруваат за да може да добиеме пониски каматни стапки. Суштината и конекцијата помеѓу нас и Британската банка е во тој дел.

Фискалниот совет веќе направи пресметка за јавниот долг и ја  достави до владата.

Во физибилити студијата пишува дека 8, 8 милиони би чинел еден километар и тоа е најниската цена за изградба на брза пруга, но ако се појават непланирани трошоци тие заедно со експропријацијата и надзорот би биле уште 10 отсто од вредноста за изградба,  па така може а и не мора сумата за пругата да достигне и до 2 милијарди.

Инаку,  британската фирма Фенвик Елиот е избрана да биде консултант ако има потреба за проектите кои ќе бидат финансирани со посредство на Обединетото Кралство.

Планот е освен брзата пруга да се модернизираат болници и да се изгради Клинички центар.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе