Иран рано утринава лансираше нов бран ракети врз Израел, при што беше погодена станбена зграда во Петах Тиква, близу Тел Авив. Штети се нанесени на повеќе домови, а бројот на жртви сè уште не е познат.
Во последните напади се повредени најмалку 67 лица, според израелската служба за итна помош. Израел тврди дека Иран викендов над 270 ракети од петокот, од кои 22 успеале да пробијат низ воздушната одбрана.
Главниот аеродром Бен Гурион останува затворен, со илјадници патници заглавени. Израел, пак, изврши воздушни напади врз цели во Техеран, вклучително и воени објекти и инфраструктура поврзана со нуклеарната програма.
Израел и Иран продолжуваат со размена на удари, без знаци на деескалација, и покрај повиците од меѓународната заедница.