Бројот на загинати во Израел по ноќешните напади од Иран се искачи на 10 лица, соопштија денеска израелските служби за итни интервенции, кои сè уште трагаат по евентуални преживеани.
Шест лица загинаа во приморскиот град Бат Јам, каде што една зграда беше директно погодена, информира израелската спасувачка организација ЗАКА.
Уште четворица загинале во градот Тамра, на северот на Израел, каде што исто така биле погодени станбени објекти.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.