Вести Најважни Свет

Се заострува конфликтот мегу Израел и Иран

Се заострува конфликтот мегу Израел и Иран. И двете завојувани страни бројат нови жртви.Во денешните ирански напади врз Израел загинаа Тринаесет луѓе мегу кои и три деца. Бројот на повредени е близу 400. Земјата и понатаму е под аларми поради ирански ракети. Нафтоводи и далеководи во израелскиот град Хаифа биле оштетени во последните ирански ракетни напади,

Урнати згради,уништени автомобили и парчиња стакло насекаде низ улиците.Вака изгледа Израел по бомбардирањето.Лугето во паника бегаат од погодените области, а надлежните со дронови бараат преживеани под урнатините.

 „Тука во Бат Јам балистичка ракета падна врз станбена населба. Има мртви, повредени, десетици повредени, и сега се обидуваат да ги лоцираат сите меѓу урнатините. Тука има волонтери, војска, полиција и противпожарна служба. Се трудиме да ги лоцираме сите, надевајќи се со Божја помош дека сите ќе бидат здрави и безбедни. И народот на Израел е силен, народот на Израел е жив. Се надевам на добри вести.“- вели жител на Бат Јам, соседен град на Тел Авив.

Освен од Иран, Израел беше нападнат и од јеменските хути.Тие испукале неколку балистички ракети кон израелскиот град Јафа. Овие напади беа и причина за израелскиот воздушен простор да остане затворен за цивилен сообракај. Одлуката за повторно отварање ке биде најавена најмалку шест часа однапред.

Израелската армија преку социјалната мрежа ИКС им се обрати на иранските грагани со предупредување да се оддалечат од на воени области.

Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки“, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.

Продолжија и израелските напади врз Иран.Израелските сили нападнале објект на иранското министество за одбрана. Иранскиот министер за надворешни работи го обвини советот за безбедност на Обединетите нации за рамнодушност. Според него западните сили го осудиле нападнатата држава наместо државата што напага.

 „Се браниме. Оваа одбрана е целосно легитимна. Се браниме со сила и решителност, а нашиот одговор е реакција на агресијата. Затоа, ако агресијата престане, секако, и нашите одговори ќе престанат.“ – вели Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

Трамп продолжи да уверува дека САД немаат ништо со нападот врз Иран. Го предупреди Техеран да ги меша Соединетите држави во конфликтот.н Но иранскиот министер верува во спротивното.

„Во текот на изминатите два дена добивме пораки од Соединетите Американски Држави преку различни канали, во кои се тврди дека САД не биле вклучени во овој напад и нема да бидат. Како што реков, не веруваме во ова тврдење. Имаме докази што укажуваат на спротивното. Но, ако САД навистина го застапуваат овој став, тогаш треба јавно и експлицитно да го објават. Приватната порака не е доволна. Владата на САД треба јасно да го искаже својот став и експлицитно да го осуди нападот врз нуклеарните постројки.“ вели Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

Во мегувреме земјите на г7 се собра на итен самит за конфликтот мегу израел и иран.На тридневниот самит ке присуствуаат претседателот на САД, германскиот канцелар , франнцускиот претседатеч и бритаскиотпремиер

Марија Коцева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе