Вести Македонија

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица во кочанската дискотека Пулс кои се реахабилитираат во болницата, најави на денешната прес-конференција министерот за здравство  Азир Алиу.

Алиу вели дека здравствениот систем нема работни групи за менаџирање со кризни сиутации, а нивното формирање  ќе се реализира за еден месец. Министерот за здравство, Алиу токму утре ќе ја посети кочанската болница. Пациентите, лекарите и медицинскиот кадар пак со нетрпение ја чекаат и компресивната облека. Утре пристигнува првата пратка за 58 пациенти. Директорката на кочанската болница Катерина Мирчовска појаснува дека под компресивната облека која треба да се носи минимум 23 часа на ден , треба да се постават и силконски лепенки кои ќе ја одржуват влажноста на кожата. На пациентите веќе им се направени обуки како да ја одржуваат. Компресивната облека за пациентите со изгореници е изработена во Германија, а нивните претставници од Бугарија утре се очекува да пристигнат во Кочани.

Компресивната облека е во вредност од над 923.000денари, обезбедена е по пат на донации од страна на волонтерите на Сапорт Кочани. Пациентите освен од сонце треба да внимаваат и од комарците, кои во кочанскиот регион ги има поради оризовите полиња. Мирчовска вели пациентите со изгореници заштитните средства против комарци да не ги прксаат директно на кожа, туку на самата компресивна облека.  Кочани искуство ќе собира и од шведскиот град Гетеборг, каде што во 1998 година исто така во дискотека загинаа 63 лица. Делегацијата првите средби ќе ги имаат во текот на утрешниот ден. На деветтиот марш на Ангелите синоќа семејствата на настраданите од обвинителството побараа појаснување на обвинието за 34 лица кои се опфатени, бидејќи какошто велат тие не се правници и не знаат што значат членовите. Барањето во писмена форма на обвинителите ќе им го достават утре.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе