Вести Македонија Најважни

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Министерот за здравство Азир Алиу со предлог за надминување на проблемот со недостиг на терапија за онколошките пацинети. Проверките и планирањето да почнат шест месеци пред истекот на актуелниот договор. Но, покрај недостигот на лекови, според првиот човек на здравство проблем се и условите во кои тие пациентите ја чекаат терапијата, што е под секое достоинство. И тоа важи за поголем број болници.

Решението е шест месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија и мора секоја клиника, секоја институција да го отвори и да го затвори тој процес. Што ќе се случи ако случајно во тој период како што ни се случи сега, поради различни причини, правни или човечки или други фактори да имаме време да се отвори уште еднаш тендерот и да не се појави тој недостаток на лекови кај пациентите. Прво што треба е, најавувам достоинствени услови за чекалните, не само таму туку секаде во земјата. Немаме столчиња за пациентите. Пациент кој што има здравствени проблеми да нема столче за чекање е нешто што е базично и треба да се срамиме сите и јас како министер за здравство.  – вели Азир Алиу, министер за здравство .

Во меѓувреме важно е и дисперзирање на здравствените услови. Стратешко планирање преку Национална мапа на здравствени потреби, со одржливо финансирање и фокус на превенцијата, дигитализација на здравствениот систем се дел од петте силни столбови според Алиу кои би го трансформирале здравството во поефикасен и поблизок сервис до граѓаните. Со свој став и за критиките во однос на неговата компетентност за функцијата на која е поставен вели дека и покрај тоа што е доктор по информатички науки, а не лекар, неговата позиција во моментов е менаџерска, креирајќи системи што ќе бидат навремени и отчетни.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе