Вести Економија Топ вести

Се крои план за цените – Мицкоски: Црешите се скапи поради студот кои го доживеаја

Граѓаните се жалат на скапотијата, владата се уште анализира дали има потреба од мерки. Оние кој ги анкетиравме велат цените дивеат. Скапа е храната, но и се останато.

Периодов повторно актуелни станаа црешите заради висока цена. Премиерот Мицкоски вели доживеале елементарна непогода и поради тоа се скапи. Истото, очекува да се случи и со јаболкото. Тврди дека има план за мерки,  но не откри какви. Се уште се анализирал пазарот.

-Црешите не се 500 денари кило, црешите се движат од 200 до 300 денари кило,  но и тоа е многу,  а тоа е така поради студот и тоа што беше навистина елементарна непогода за црешите. Инаку ,што се однесува генерално за состојбата со цените,  јас ја следам од блиску и реков дека трикови нема да толерирам. Внимателно следиме што се случува, по маркетите и се разбира ако има одредени непринципиелни однесувања или јас како што ги нарекувам трикови ќе делуваме. Инаку, имаме во план да носиме мерки, ќе биде јавноста запознаена, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот за економија Дурмиши пак од она што го видел заклучил дека нема драстично зголемување на цените.

Нема драстично зголемување на цените за кои ние сме надлежни кај основните прехрамбени производи,  ако има енормно зголемување нормално дека ќе донесеме пак одлуки, изјави министеот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Проблемите со цените траат веќе подолго време. Последната мерка која се донесе за да се стабилизираат, истече пред  повеќе од еден месец.  Се уште, нема ништо ниту за новата потрошувачка кошничка за која од Владата зборуваа дека ќе биде реална,  а не за политички цели. До измени дојде откако и премиерот и министерката за финансии зборуваа дека во сегашната има спорни производи.

Статистика пак последно измери повисока инфлација од  3, 3 отсто во мај годинава во однос со мај лани. Ова е значително над европската кон која постојано се зборува дека треба да се движиме.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе