Вести Македонија

Почна проценката на штетите од неверемето во Струмичко

За два дена трисетина земјоделци од Муртино поднеле барање за проценка на штети од минатонеделното невреме. Од Општина Струмица велат дека земјоделците ќе може да доаѓаат до петок, а Комисијата од вчера почнала и да ги посетува имотите на пријавените земјоделци со цел да се направи проценка.

Градинарите се со надеж дека ќе добијат некакво обештетување, бидејќи најмногу страдале пластениците, а токму пластичната фолија е еден од најскапите репроматеријали.

Многу штети има, земјоделците дури почнаа сами да ги санираат пред да дојдат Комисиите. Многу пече сонцето, ќе се расипе тоа што е посеано, рече земјоделец од Муртино

Се надеваме дека ќе добиеме нешто отштета, а дали ќе биде така, ќе видиме, вели друг земјоделец.

По завршувањето на проценките ќе се изработат елаборати за утврдените штети, по што за нив ќе одлучува општинскиот совет.

Невремето ги погоди населените места Муртино, Еднокуќево и Босилово.

Населени места од Општина Босилово беа зафатени и од невремето што се случи на почетокот од мај. Тогаш најголемите штети ги предизвика град, а погодени беа и стотина земјоделски семејства од Општина Василево.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица заради пожарот во ноќниот клуб „Пулс“

Дејан Дејан

Израел сугерира дека операцијата „Разбуден лав“ против Иран ќе продолжи

Дејан Дејан

Нуклеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе