Вести Македонија

План за рехабилитација на повредените

Се заокружуваат и последните подготовки за прием на пациенти во одморалиштето на Пониква. Лекари, физијатри, физиотерапевти и пулмолози се дел од тимот задолжен за продолжена физикална рехабилитација во текот на летните месеци, ресоцијализација и психолошка поддршка на повредените од пожарот во Кочани.

Секоја група на пациенти ќе ротира на две недели. Во првата група се повредените кои што веќе се на физикална терапија во кочанската и штипската болница, но има и пациенти со самоизолирана инхалаторна повреда.

Во однос на тие пациенти кои немаат можност во моментот да бидат на Пониква или кои што од одредени здравствени причини сакаат да ја обавуваат физикалната терапија во кочанската болница веќе е адаптирана просторија за физикална медицина при одделот на Хирургија, бидејќи од утре најавена е реконструкција на кочанската болница која започнува токму од одделот за физикална медицина и рехабилитација, изјави директорката на кочанската болница д-р катерина мирчовска.

Во периодот од 20 мај заклучно со 11 јуни до сега се евалуирани 167 пациенти. Пет пациенти се уште се хоспитализиртани во нашите болници, додека пет се на лекување во странство. За евалуација чекаат уште осум пациенти кои се со привремен престој и живеалиште во странство.

Пациентите беа класифицирани во пет групи започнувајќи од прва група како најлесна форма до петта група како најтешка форма. Според класификацијата во прва група се 36 пациенти, во втора група -49 пациенти, трета група 41 пациент, во четвртата група 25 пациенти, а во петата група 16 пациенти. На сите пациенти им се дадени насоки и препорака за понатамошно следење и лекување, рече д-р гордана георгиева од клиниката за пластична хирургија.

Според проценките на лекарите тие пациенти што се во четврта и петта група ќе им биде потребно продолжено лекување, кај дел од нив и оперативен хируршки третман. Во лекувањето и третманот е потребен мултидисциплинарен пристап, смета Георгиева, за одреден период повторно евалуација со цел превенција и рано препознавање на можните компликации.

Во меѓувреме се работи и на 3Д скенирање за пациентите со изгореници на лице, глава и врат за да може да им се изработат силиконски маски по мерка во Бугарија и Германија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица заради пожарот во ноќниот клуб „Пулс“

Дејан Дејан

Израел сугерира дека операцијата „Разбуден лав“ против Иран ќе продолжи

Дејан Дејан

Нуклеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе