Вести Најважни Свет

Катастрофална авионска несреќа во Индија – се урна Боинг 787 со 242 патници и членови на екипажот

Катастрофална авионска несреќа во Индија. Авион на индиската авиокомпанија Ер Индија, Боинг 787 Дримлајнер, со кој патувале 242 патници и членови на екипажот се урна денеска во градот Ахмедабад, набргу по полетувањето.

Страотната несреќа остави зад себе апокалиптични сцени.

Густ чад кој се крева високо кон небото, изгорени остатоци од авионот расфрлани насекаде во станбената населба каде се урна леталото а во која живееле лекари и медицински персонал вработени во градот, но и голем број безживотни тела. Преставниците на индиските власти потврдија дека во несреќата нема преживеани луѓе, додека при урнувањето на авионот сигурно загинале и дел од локалните жители.

„Јас бев дома. Наеднаш слушнав огромна бучава, како да имаше земјотрес. Излегов надвор и видов многу час. Не знаев дека паднал авион. Кога дојдов тука, дознав за тоа“. – Што видовте? -Видов остатоци од авионот. Многу мртви тела“.

Спасувачите кои први пристигнале во населбата каде се урнал авионот, евакуирале повеќе жители од околните згради а дел од луѓето во паника скокале низ прозорците на своите домови, во обид да се спасат.

Ер Индија соопшти дека авионот се урнал во непосредна близина на аеродромот во Ахмедабад, град со 5 милиони жители во државата Гуџарат, само пет минути по полетувањето околу 13 часот и 38 минути по локално време.

Крајната дестинација на авионот требало да биде аеродромот Гетвик во Лондон а според Ер Индија, меѓу патниците имало 169 Индијци, 53 Британци, седум Португалци и еден Канаѓанин.

Што довело до урнувањето на овој авион, кој се смета за врвно достигнување на авијациската технологија, допрва ќе треба да се утврди.

„Има повеќе фактори во игра. Не се само техничките елементи со авионот, туку и импликациите од средината. Што се случувало околу авионот? Брзината на ветерот, дали била нарушена видливоста? Што точно се случувало во поглед на движењата на авионите на аеродромот? Има многу елементи, кои се дел од екосистемот на авијацијата. Тука е авиокомпанијата. Тука е авионот, контролата на летот, работата на аеродромот и природните појави“ – изјави авијациската експертка, Анита Мендирата.

Авионот Боинг 787 Дримлајнер, започна да се употребува во 2009-тата година и досега над 1000 вакви двомоторни летала биле испорачани до повеќе десетици авиокомпании во светот.

Според базата на податоци на мрежата за авијациска безбедност, ова е прв регистриран случај на урнување на авион од овој тип.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица заради пожарот во ноќниот клуб „Пулс“

Дејан Дејан

Израел сугерира дека операцијата „Разбуден лав“ против Иран ќе продолжи

Дејан Дејан

Нуклеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе