Оган, чад, неподнослив мирис. Ваква беше сликата денеска на депонијата Вардариште, каде што гореше сува трева, автомобилски гуми и друг отпад. Пожарот кој почнал вчера и бил изгасат, денеска повторно се разгорел, велат од Општината Гази баба.
Тој зафатил еден далновод, па превентивно беа исклучени две високонапонски трафостаници од 110 КV. Eдна на „Вардариште“, и уште една кај Кванташки пазар.
Поради тоа делови од општината Аеродром напладне останаа без електрична енергија.
Поради опасност од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена. И поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија, соопштија од републичкито центар за управување со кризи.
Во гаснењето на пожарот се вклучи Бригатата за противпожарна заштита на Град Скопје. Според командирот Звонко Томески, тие интервенирале со 8 противпожарни возила и со 25 пожарникари.
А, по локализирањето на пожарот на терен дојде екипа од ЕВН која ја приклучуваше струјата. Таа сега се врати во деловите од Скопје, каде беше исклучена.
Ова не е прв случај во пожар да биде зафатен далновод на „Вардариште“. Истиот далновот и лани беше зафатен во пожар.
Сотир Трајков