Вишиот управен суд потврдил дека две веледрогерии склучиле забранет договор, се договориле на тендер да не ги намалуваат цените на инсулин. Информацијата ја објави Комисијата за заштита на конкренцијата која првично го утврдила картелот во фармацевсткиот бизнис меѓу веледрогериите Др Пановски и Фарма Трејд во врска со јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, од 2016 која била составена од два дела
Комисијата во текот на постапката утврдила дека двете претпријатија мегусебно усогласено се однесувале, однапред се договарале кој која ставка да ја добие на начин што двете доставиле понуди но на електорнската аукција не ги намалувале цените со цел едниот да ја добие едната ставка а другиот да ја добие другата ставка од набавката иако на претходно објавен оглас имало значително намалување на цената при електорнската аукција. Со ваквото усогласено однесување, односно договор, наведените претпријатија меѓусебно го поделиле тендерот во однос на набавката на овој лек , тендерот го добиле по повисока цена со што сториле штета на буџетот, вели Малинка Силјановска Николиќ, претседателка на КЗК
Одлуката е правосилна и извршна и двете компании треба да платат глоби, 1милион и 60 илјади евра за Пановски и 721 илјаи евра за Фарма Трејд а за откриениот картел ќе ги информираат УФП и ЈО, информираа од Комисијата за заштита од конкуренција.
Од Др Пановски велат дека до сега не примиле пресуда. Зачудени се како е возможно Управниот суд кој два пати претходно одлучувал во нивна корист и ги отфрлал наводите дека наводно била нарушена деловната конкуренција за посочената јавна набавка, во третата постапка да одлучи поинаку.
Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови, бидејќи тие се регулирани исклучиво од Министерството за здравство. Тоа значи дека за споменатата јавна набавка АД „Д-р Пановски“ понудил цени во висина која предходно ја определиле ресорните надлежни институции. Согласно горе наведеното, нашиот правен тим се подготвува да ги искористи сите вонредни правни лекови пред домашните судови, но и да се обратиме пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за правно вознемирување ,велат од АД “ДР Пановски”
Од веледрогеријата најавуваат и дека ќе ги информираат и претставниците на меѓународниот фактор во земјава за нарушена правна сигурност и загрозено владеење на правото
Телма побара став и од Фарма Трејд но од таму до подготвувањето на прилогот не одговорија.
Од пресудата на Вишиот управен суд може да се види дека предметот три пати одел до Управниот суд по тужба на веледрогериите кои биле незадоволни од одлуката Комисијата за заштита на конкуренцијата. Два пати Управен го враќал на повторно постапување пред Комисијата. Третиот пат ја потврдил одлуката на комисијата и ги одбил тужбите на веледрогериите. Тие се жалеле пред Вишиот управен суд кој на 16 мај годинава ја потврдил пресудата на Управен и ги одбил нивните жалби како неосновани.