Се намалува бројот на свадби, расте бројот на разводи. Минатата година бројот на разведени бракови е најголем од 2019-та, односно лани имало 2 024 разводи.
Најмалку се разведувале во август, додека најмногу во март.
Во 2024 година бројот на склучени бракови е 11.066, иако бројот постојано се намалува, сепак, најмалку склучени бракови имало во пандемиската 2020 година.
„Комуникацијата е нешто што е многу важно и начинот на воспитување. Оние родителски стилови се многу важни за еден брак да опстои. Е сега дали тие понатаму би функционирале или дали тие понатаму би успеале да го износат тој затоа што бракот е некако постојана работа, постојано треба да се вложува не е еднаш за секогаш дадено“, вели Јована Затараковска психолог и семеен психотерапевт.
„Eдноставно се по либерални и помалку се ослободени од стегите на општеството и на околината. На пример порано било важно какво лице ,каков интегритет ќе имате вие, каков интегритет ќе оставите за вашето семејство, меѓутоа денеска не им е толку важно на новите генерации.Мислам дека пред се се должи на исчезнувањето на оние традиционални вредности на чесност, на доверба, на сигурност на помош, на солидарност“, вели проф. Д-р Македонка Радуловиќ институт за семејни студии.
Но, не опаѓа само бројот на бракови. Се бележи пад и во бројот на раѓања..
„Младите послободни се, на едно дете се одлучуваат може и ниту едно. Сакаат да бидат повеќе слободни не како понапред по пет шест деца. Може и финансиски да се рече, но повеќе за да бидат послободни“, вели граѓанка.
„Секој различно одлучува, мислам тоа е грешка да немаат деца. Треба да се има потомство деца, генерации со генерации“, вели граѓанка.
Статистиката покажува дека бројот на живородените деца во 2024 година е намален за 4.0 % во споредба со минатата година. Лани имало 16 061 живородено дете.
Ако пак се погледне пред десет години, сликата е уште поаларманта, со оглед дека лани се родиле 7.014 деца помалку отколку во 2015 година, кога имало 23.075 новороденчиња.
Симона Петровска