Вести Македонија Топ вести

Застапниците на Ѓорчевски и Жежовски ќе изнесат отштетно побарување

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска денеска ќе доврши со изнесувањето на завршните зборови во процесот против четворицата обвинети за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и против Александар Ѓорчевски, обвинет за помагање во киднапирањето на неговата ќерка.

Јавноста чека образложение за мотивот користољубие, кој обвинителството го наведува, иако не е побаран откуп, а жртвата веднаш е убиена.

Се очекува и законските застапници на семејствата Ѓорчевски и Жежовски да изнесат отштетни побарувања за причинетата болка и штета. Се очекува и адвокатите на обвинетите да ги дадат своите завршни зборови.

Обвинителката истакна дека убиствата биле сурови, жртвите врзани и немоќни, а случајот предизвика големо внимание поради жестокоста и последиците врз семејствата. По изнесувањео на завршните зборови на обвинителството се очекува јавноста да дознае колкава казна се бара за обвинетите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има ли фармацевтски картел за цените на инсулинот?

Дејан Дејан

Фирмата „Фенвик Елиот“ ќе ја советува владата за проектите финансирани со британските пари

Дејан Дејан

Нема една изборна единица, се враќа процентот за независни листи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе