Вести Македонија Топ вести

Софија не кажува дали ќе разговара со Македонија, Мицкоски ќе го бара Кошта

Повеќе од две недели Софија не кажува дали за неа е прифатлив планот за разговори меѓу Македонија и Бугарија под покровителство на ЕУ. Предлогот кој стигна  од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше планирано да се реализира на маргините на Самитот на НАТО, во Хаг, но во отуство на одговор од другата страна, премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредните денови ќе разговара со Кошта, оти, како што рече, тоа било негова идеа.

Тој за ставот на бугарските политичари дека не може да има репреговарање со и за Македонија го нарече „несмасна дипломатија“ за користење како политичко оружје членството на земјава во ЕУ, за решавање на билатерални прашања стари неколку векови.

Мицкоски притоа дека во таква ситуација за Македонија е битно, како што вели, светот да разбере дека не е суштината во впушување Бугари во Уставот, туку обид за инжинеринг за создавање на нова македонска нација со одлука на Коминтерната во 1945 година чиј јазик почива на бугарски корени. Притоа тој го обвини поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, дека го знаел тоа.

„И он точно знаеше што правеше. Директно стави нож во плуќата на македонскиот идентитет и закова шајки. Директно. И тоа нема да го заборавиме. Тоа никогаш нема да го заборавиме. Прифаќајќи го Францускиот предлог, директно закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентите. Но ние ќе се бориме, секаде ќе се бориме“, изјави Мицкоски.

Мицкоски од критика не ги поштеди од ставање шајка во македонскиот идентитет и поранешнте премиер, Димитар Ковачевски и вицепремиер за европски пшрашања, Бојан Маричиќ.

И додека Македонија чека каков одговор ќе стигне од Софија и дали ќе може да се бајпасира или на нов начин да се протолкува Преговарачката рамка со ЕУ и Договорот за добрососедство со Бугарија, во Софија се води дебата кој треба да оди на Самитот на НАТО во Хаг, дали претседателот на државата, Румен Радев или премиерот, Росен Жељазков.

Одлуката треба да ја донесе бугарската влада на седница, но најверојатно откако Радев ќе се врати од пат. Сепак, според засега непотврдени информации, веќе било договорено Бугарија во Хаг да ја претставува Жељазков.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин

Дејан Дејан

Србија со 50 милиони евра заем од ЕБРД ќе го подобрува квалитетот на воздухот

Дејан Дејан

Германски воз запрен предвреме поради премногу валкани вагони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе