Вести Економија Топ вести

Новина во сметките за струја – паметни броила за 10 години

Во јулските сметки за струја домаќинствата ќе имаат увид колку од потрошеното им е прочитано, а колку од око пресметано. Оваа новина се воведува откако зимава ескалираа проблемите со паушалните фактури. Ова во моментов е една од опциите со која граѓаните би требало да добијат појасна слика како се мери струјата која ја потрошиле во месецот,  додека да се инсталираат паметни броила за кои ќе биде потребно 10 години.

-Тоа не значи дека ќе треба да се чека до последно ЕВН ќе има секако некаков план кој постепено ќе ги набавува овие броила, вели министерката за енергетика Сања Божиновска 

Од Електродистрибуција уверуваат дека трошокот за промената во сметките, граѓаните минимално ќе го почувствуваат, со образложение дека броилата постепено ќе се менуваат.

-Веројатно согласно новата технологија првите броила треба да се очекуваат за некој две години бидејќи само тендерската постапка трае околу една година, вели директорот на Електродистрибуција Сашо Салтировски.

Претходно регулаторна побара од дистрибуција да направи пресметка колку би ги чинело редовно читање на броилата. Анализата покажа дека инвестиција е  околу 10 милиони евра за опрема и возила, по што регулаторна одлучи наместо за тоа  компанијата парите да ги потроши во инсталирање на паметни броила. До тогаш Електродистрибуција ќе продолжи да ги чита, но упатство ќе добијат и граѓаните.

Очекувањата се дека овие уреди ќе помогнат да се намалат и загубите на струја кои се уште се над 10 проценти. Лани тие чинеле околу 90 милион евра. До 2033 година треба да бидат едноцифрени. Според, анализите најмногу загуби има во Скопје, Гостивар и Штип.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Србија со 50 милиони евра заем од ЕБРД ќе го подобрува квалитетот на воздухот

Дејан Дејан

Германски воз запрен предвреме поради премногу валкани вагони

Дејан Дејан

Г7 без заедничка декларација на самитот со Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе