Почна постапката за задолжување од 1, 7 милијадри евра за брзата пруга, проект кој може да биде поддржан и со договорот влада со влада од Велика Британија. На вчерашната седница, Владата го задолжила Министерството за финансии да најде банка која ќе даде финансиска поддршка за овој проект, соопшти на својот фејсбук профил Министерот за транспрот и врски и вицепремеирот Алекандар Николовски.
Владата која претходно помпезно го најавуваше овој проект, воопшто не информираше за оваа одлука продолжувајки ја праксата редоно да не инфромира за дневниот ред за седници на Влада, а по седниците да излезе и со соопштение.
Формирано е и координативно тело за следење на проектите.