Премиерот Христијан Мицкоски пак денеска зборувајќи за македонско – бугарските односи и противењето на бугарските политичари за репреговарање на договореното, рече дека зад барањето на уставни измени всушност се крие обид за инжењеринг за создавање на нова македонска нација создадена со одлука на Коминтерната во 1945 чиј македонски јазик почива на бугарски корени.
Притоа тој го обивни поранешниот министер за надворшени работи, Бујар Османи, дека го знаел тоа кога го прифатил Францускиот предлог.
И он точно знаеше што правеше. Директно стави нож во плуќата на македонскиот идентитет и закова шајки. Директно. И тоа нема да го заборавиме. Тоа никогаш нема да го заборавиме. Прифаќајќи го Францускиот предлог, директно закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет. Но ние ќе се бориме, секаде ќе се бориме, изјави Мицкоски.
На обвинувањата на премиерот, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи реагираше Бујар Османи, оценувајќи ја изјавата на премиерот како скандалозна. Османи во реакцијата наведува дека прифаќа дека се политички противници со Мицкоски и дека имаат различни концепти како треба да се развива државата, но оти со изјавата Мицкоски ја преминал основната линијата на политичка пристојност.
Влечете за уши, делите жолти картони, навредувате, понижувате…, и сега последно – клетите? Користиш алузии на христовата жртва (закова шајки во раце и нозе) за над етничката да ја разгориш и религиската нетолеранција, му одговора Османи на Мицкоски на фејсбук, при што потенцира и дека Албанците не се гости во оваа земја туку домаќини.