Вести Македонија Топ вести

Каде се кријат функционерите-бегалци – Има траги, но ништо опипливо

Vasko Kovacevski, Artan Grubi i Perparim Bajrami

Соработката со некои соседни земји, кога се работи за апсење на луѓе по кои е распишана меѓународна потерница, не е на најдобро ниво, се пожали директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Тој вели дека македонската полиција има одредени траги и информации за тоа каде може да се кријат поранешните функционери Васко Ковачевски, Артан Груби и Перпарим Бајрами, кои се во бегство, но засега нема ништо опипливо.

„Овде мора да кажам дека соработката со одредени соседни земји во тој дел не ни оди баш најлесно, не само поврзано со овие лица, имавме и други активни лица коишто ги бараме. Дури и кога имавме точни информации каде би можеле да бидат тие лица во реално време, за жал одредени служби од соседните земји не постапија по нашите барања. Тие постапија, но не постапија во реално време, постапија отпосле. Не би сакал да навлегувам во причините за сето тоа, меѓутоа верувајте разменуваме информации“, изјави Јанев, одговарајќи на новинарски прашања.

На средината на декември минатата година, МВР распиша потерница за поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами и за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Тие се осомничени за начинот на отворање на трите лотарии за интернет коцкање и за набавката на коцкарски машини за лотарија. Два дена пред распишување на потерницата Груби легално ја напушти Македонија. На Фејсбук напиша дека отишол во Косово во приватна посета и оти ќе се врати. Поминаа шест месеци, а тој не се врати. Бајрами, пак, е надвор од земјата подолго време.

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е обвинет во случајот „Адитив“ за набавка на адитиви за согорување на јагленот во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј, а осомничен е и за други случаи на злоупотреби во ЕСМ во време на неговото директорување. Полицијата распиша потерница по него на два дена пред Нова година, но тој веќе од претходно беше надвор од земјата.

За сите тројца во јавноста се шпекулира каде се кријат, но засега нема официјални информации.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германски воз запрен предвреме поради премногу валкани вагони

Дејан Дејан

Г7 без заедничка декларација на самитот со Трамп

Дејан Дејан

ОЕЦД: Економската конвергенција на Западен Балкан со ЕУ останува бавна и нерамномерна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе