Не сум го сторил тоа за што ме товарат. Ве молам како суд да ми дозволите малку и јас да почувствувам правда. Со овие зборови Васил Јованов им се обрати на судиите на крајот од денешната јавна седница во скопска Апелација за предметот во кој тој е обвинет за трговија со дрога.
Кривичниот летоска му пресуди заводски мерка во поправен второстепениот суд. Додека трае жалбената постапка на 29 јануари ноќта, Јованов смртно ја прегазува Фросина Кулакова на пешачки премин под дејство на алкохол и без возачка дозвола. На 7 февруари Апелација ја преиначи казната за дрогата во ефективен затвор 3 години и 10 месеци . Врховниот суд во мај ја укина пресудата затоа што Апелација не одржала јавна седница иако Јованов и неговиот адвокат го побарале тоа.
Адвокатот на Јованов денеска рече дека казната да оди во поправен дом е добра одлука, за да му се даде шанса на млад човек да увиди дали и колку згрешил и да може да се рехабилитира. Вишата обвинителка Фетаи пак смета дека основниот суд ги преценил олеснителните околности за Јованов и санкцијата е премногу блага и не кореспондира со целите на казнувањето
„Самиот факт дека обвинетиот не ја признал својата вина пред судот и доброволно да ги прифати последиците на своето однесување, со што би покажал каење за стореното доволно зборува за неговата свесност и истрајност како млада личност да се занимава со продажба на наркотична дрога во станови специјално изнајмени за таа намена што е доволна слика за неговата ниска морална свест и лукративни побуди на лесен начин да дојде до профит на незаконит начин“ вели Фатиме Фетаи, обвинителка во ВЈО Скопје.
„Јас ќе ја упатам колешка да ја прочита изјавата на Јованов од завршни зборови за да се увери дали тој изрази искрено жалење … Во однос на санкцијата се наметнува прашањето дали досега изречените казни на малолетни сторители на затворски кани за дрога ја исполниле целта на казнувањето? Дали затворите во Македонија се универзитети за криминал и дали затворите работат на рехабилитација на сторителите. Напротив процентот на повратот на сторители, особено на овој вид кривични дела покажува зголемен раст“ изјави Панче Нефтенов, адвокат на Јованов.
Тројцата апелациони судии дополнително ќе донесат одлука.
Јованов во мај годинава доби и првостепена казна 12 години затвор за сообраќајката во која смртно ја прегази Кулакова. Одбраната веднаш најави жалба а обвинителството најави дека дополнително ќе се произнесе. Од таму за Телма потврдија дека веднаш по приемот на пресудата, обвинителството вложило жалба на висината на изречената казна и бара построга.
Елена Ивановска Мукоска