Вести Македонија Најважни

Бугарското МНР ѝ ја достави одлуката на бугарското Собрание на Македонија

Бугарија нема други услови за земјава освен тие што се наведени во Францускиот предлог, но истовремено ја потврдува својата непроменливата позиција за исполнување од страна на Македонија на обврските преземени во 2022 година во Договорот со ЕУ.

Ова е дел од она што бугарската дипломатија и го испорачала на македонската телефонски и во пишана форма.

Во телефонскиот разговор кој го имале шефовите на двете дипломатии, бугарскиот министер, Георг Георгиев, официјално ги информирал македонскиот колега, Тимчо Муцунски, за одлуката на бугарското Собрание за напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ, со која се бара бугарската влада да не отстапува од договореното, а македонските власти да ги исполнат своите обврски, без да се обидуваат да ги репреговараат  или да ги заобиколуваат.

Според Георгиев тоа претставува јасен сигнал за конструктивниот пристап на Бугарија кон пристапувањето на Македонија.

Особено важна поента е што текстот на одлуката на највисокиот орган во бугарската држава потврдува дека нашата земја нема други  услови освен елементите на европскиот консензус, се наведува во соопштението на бугарското МНР за телефонскиот разговор меѓу двајцата министри.

Сепак Георгиев ја повикал македонската влада да ги спроведе постигнатите договори.

Истите позиции, но преку дипломатска нота ѝ биле врачени и на македонската амбасадорка во Софија, Агнеза Руси, заедно со текстот на одлуката на бугарското собрание.

И македонското МНР се огласи со соопштение за телефонскиот разговор меѓу двајцата министри, но во него нема ниту збор дека бугарскиот министер уверувал дека нема други услови за Македонија освен тие што се наведени во Францускиот предлог.

Министерот Георгиев го информираше министерот Муцунски за одлуката донесена од страна на бугарското Собрание, која се однесува на напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување во Европската унија, се вели во соопштението на МНР.

Во соопштението од македонскиот страна пак се наведува дека Муцунски на бугарскиот колега му ги повторил принципиелните позиции на Македонија поврзани со процесот на евроинтеграција. На Георгиев му било осочено и дека двете земји имаат заедничка обврска да продолжат да развиваат односи засновани на европски принципи и оти евроспкиот пат на Македонија не треба да биде обременет со билатерални прашања.

Претходно премиерот, Христјан Мицкоски, пак информираше дека се уште нема одговор од Бугарија дали прифаќа средба под покровителство на ЕУ за време на самитот на НАТО во Хаг, за надминување на билатералниот спор.

Во меѓувреме од Бугарија стигна информација дека во Хаг неа ќе ја претставува бугарскиот премиер, Росен Жељазков, што уште повеќе ја прави незивесна средбата со македонската страна, која Самитот на НАТО ќе биде претставена на претседателско ниво, односно од претседателката, Гордана Сиљановска Давкова.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе