Вести Свет Топ вести

Австрија со минута молчење за 10-те жртви во масовното убиство во Грац

Жителите на Австрија со минута молчење во 10 часот претпладне им оддадоа денеска почит на 10-те луѓе, меѓу нив и 7 млади лица, кои вчера беа смртно застрелани со огнено оружје во средно училиште во градот Грац.

Во Австрија е прогласена и тридневна национална жалост, а националните знамиња на сите јавни објекти се спуштени на половина копје.

Полицијата потврди дека осомничен за крвопролевањето е 21-годишен поранешен ученик во истото училиште, кој набргу по масовното убиство, се затворил во еден тоалет и извршил самоубиство.

Полицијата соопшти и дека во текот на истрагата и пребарувањето на домот на осомничениот, пронашле негово проштално писмо и нефункционална експлозивна направа. Засега нема никакви информации за евентуалниот мотив на напаѓачот.

Седум од жртвите во престрелката се жени, тројца мажи а во пукањето биле ранети 12 лица.

„Јас матурирав во ова училиште пред 10 години и своите најдобри години од образовниот процес ги поминав тука. Секогаш се чувствував многу заштитена тука. Професорите многу не поддржуваа. Имам пријателства за цел живот од тука. Многу е болно кога гледаме дека овие млади девојки и момчиња нема никогаш да се вратат, дека најлошиот ден од своите животи го имале тука, каде јас ги поминав најубавите денови. Се уште знам дел од професорите, ова е многу болно“ – изјави 28-годишната студентка, Кјара Комлениц.

„Грац е вториот град по големина во Австрија, но ние велиме дека сепак е како село. Секој пат кога ќе излезете, ќе се сретнете со луѓе кои ги познавате. Големи се шансите дека во ваков напад, знаете некој кој бил засегнат. Знам многу луѓе кои студираат да станат професори. Во ова школо има многу стажанти. Тоа е тешка ситуација. Многу очајни луѓе видов. И во моето семејство, татко ми е наставник, сето ова е многу шокантно“ – додаде 22 годишниот студент, Фабиан Енци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германски воз запрен предвреме поради премногу валкани вагони

Дејан Дејан

Г7 без заедничка декларација на самитот со Трамп

Дејан Дејан

ОЕЦД: Економската конвергенција на Западен Балкан со ЕУ останува бавна и нерамномерна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе