Вести Македонија Топ вести

Завршува учебната година, учениците заминуваат на летен распуст

Денеска е последниот училиштен ден за учениците во основните и средните училишта за учебната 2024/2025 година. Летниот распуст ќе трае до 31 август.

За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре тие го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик, го полагаа на 31 мај.

Полуматурантите во јуни ќе се пријавуваат за упис во средно образование преку електронскиот систем euslugi.mon.gov.mk. Првото електронско пријавување ќе трае од 14 до 17 јуни, а документите ќе се доставуваат на 18 и 19 јуни. Второто пријавување е закажано за 30 јуни, со предавање документи на 1 јули.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе