Вести Македонија

За само една година 300 тони небезбедна храна

За речиси една година Агенцијата за храна и ветеринарство открила 300 тони небезбедна храна.  Најчести пријави до Агенцијата биле за непочитување на мерките за безбедна храна, производи со поминат рок, работа без одобрение и сомнежи за труење со храна. Граѓаните скептични во однос на прашањето дали храната која ја јадеме е безбедна.

Во ниту еден дел од светот не можеме да гарантираме дека јадеме безбедна храна, но сметам дека кај нас граѓаните можат да бидат спокојни дека храната е безбедна, вели првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Миланов. Во период за речиси една година се откриени приближно 300 тони небезбедна храна.

„Од кои што 56 тони само оваа година од животинско и од неживотинско потекло. 207 тони храна е вратена храна од увоз која што е спречена да влезе во Македонија, 30 тони небезбедна храна исто имаме вратено од увоз од минерална вода, пестициди во зеленчукот и мал дел на јодирана сол“ изјави Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Граѓаните пак се скептични во која мера се почитуваат критериумите што е безбедна храна. Велат дека многу пати се препуштени сами на себе да проверуваат дали се почитуваат роковите на производите и што содржат истите. Сугерираат надлежните да ги засилат контролите на храна.

Анкета на граѓани

-Затоа што нашите што ја испитуваат чекаат од Хрватска да ги вратат производите, па потоа да видат дека не е во ред. Со пестициди, со се , воопшто не е безбедна храната, а само се фалиме. А земјоделска земја сме празни се нивите, тоа е.

-Мислам дека затајува контролата во самото производство и натаму со што се прска и како се прска и тоа треба да биде далеку на повисоко ниво. Ние не сме дојдени до тоа ниво да кажеме храната е безбедна.

-И не можат да постигнат немаат кадар. Едноставно немаат доволен број на инспектори итн.

Во моментов во Агенцијата за храна и ветеринарство се вкупно 186 инспектори, но се очекува дека до крајот на годината нивниот број ќе биде поголем.

На прашањето како се случува производи кои се со поминат рок да се најдат на пазарите и дали компаниите го почитуваат договорот да ги носат на Дрисла Миланов со став дека одговорноста за тоа е на самите оператори.

„Ние како Агенција по дојава од граѓани во редовни и вонредни инспекциски контроли ги казнуваме, ги уништуваме, но операторите се должни имаат и задолжение добиено од АХВ таа роба заедно во присуство со официјален инспектор треба да бидат однесени на Дрисла, ако станува збор за Скопје“ изјави Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Во меѓувреме продолжуваат вонредните инспекциски контроли во туристичките места: Охрид, Струга, Дојран и Преспа каде мината година беа откриени над 8 тони небезбедна храна која беше уништена.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рекордни температури во Гренланд и Исланд во мај

Дејан Дејан

Седум жртви при силно невреме од снег и дожд во Јужна Африка

Дејан Дејан

(Видео)Мадридска таверна го оспорува светскиот рекорд за најстар ресторан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе