Широко користениот четбот „ChatGPT“ на OpenAI e во прекин. Илјадници корисници пријавиле дека алатката е надвор од употреба, а според детекторот кој собира извештаи за технолошки прекини, проблемот се појавил во основната функционалност на алатката и недостапност на услугите да се добијат одговори.
Во Индија, поголемиот дел од поплаките се во делот на нефункционалноста на алатката, другите корисници се соочуваат со тешкотии ѝ со мобилната верзија, а одредени пријави се однесуваат ѝ на прекини со Интерфејсoт за програмирање на апликации. Во Македонија прекинот на оваа алатка е забележан во периодот околу 11 часот. А над 93 отсто од американските корисници имаат доставено поплаки.
Платформите на социјалните медиуми, како „X“, се преполни со коментари на луѓе кои се исфрустрирани, но и саркастични дека светот ќе пропадне, ако оваа алатка остане трајно блокирана.
Компанијата извести дека е запознаена со проблемот: „Некои корисници се соочуваат со зголемени стапки на грешки и латентност низ наведените услуги. Продолжуваме да го истражуваме овој проблем.“
Ова не е првпат ChatGPT да се соочи со застој. Пред неколку месеци, кога OpenAI го претстави своето ново ажурирање кое ги подобри можностите за генерирање слики на ChatGPT, а социјалните медиуми забележаа масовен прилив на корисници кои генерираат слики во стилот на Studio Ghibli, платформата се урна поради бројот на корисници кои се собираат кон четботот за да генерираат слики за себе.
Алатките за вештачка интелигенција како ChatGPT сè повеќе се вградуваат во секојдневните работни процеси, ваквите прекини ја нагласуваат растечката зависност од овие платформи како и ризиците што доаѓаат со неа.
Теа Димковска