Вести Свет Топ вести

ЕУ: Океанскиот пакт ќе ги заштити работните места

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, објави инвестициски план од 1 милијарда евра за заштита на океаните и поддршка на крајбрежните заедници и рибарството. Зборувајќи во Ница, таа рече дека средствата ќе бидат наменети за 50 различни проекти.

Исто така, ги изложи некои од клучните елементи на новиот Океански пакт на блокот од 27 земји, кој има за цел да го намали загадувањето со пластика, да ги обнови морските екосистеми, да ја обнови застарената флота и да се бори против нелегалниот риболов.

Конференцијата се одржува во време кога само 2,7% од океанот е ефикасно заштитен од деструктивните активности. Тоа е далеку под целта договорена во рамките на заложбата „30×30“ за зачувување на 30% од копното и морето до 2030 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе