Вести Македонија

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Социјалдемократската младина на Македонија излезе со реакција по прославата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Социјалдемократската младината неприфатливо е да се палат пиротехнички средства којашто е забранета и беше една од главните причини за катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани.

„Додека родителите и семејствата се уште тагуваат за смрта на 62 деца, додека над 200 млади се борат со последиците од повредите, додека цела држава бара одговорност, помош и поддршка. Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува. Скандал е да му се аплаудира на Мицкоски за говор полн со омраза кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани“ вели Марта Крстеска – Социјалдемократска младина на Македонија.

Крстеска потенцира дека ова е дрскост, бесчувствителност и целосна деградација на младите. Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства?

„Ги повикуваме младите да го кренат својот глас против начинот на којшто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги третираат. Младите не се декор за митинзи, младите не се статисти за фештите на Мицкоски, младите се двигатели на општеството.СДММ стои рамо до рамо со младите што бараат одговорност за Кочани, со младите што сакаат да им помогнат на семејствата на загинатите и поредените, со оние што знаат што значи човечност“ повика Крстеска. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ЕКО) Феминизам во пракса

Дејан Дејан

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Младите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за пиротехниката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе