Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно е опериран. Тој беше примен во болница во критична состојба.
39-годишниот сенатор од десничарската партија Демократски Центар влегува во критичните часови на закрепнување, кои ќе бидат клучни за неговиот живот, соопшти градоначалникот на Богота.
Полицијата уапси 15-годишен осомничен, кој со два куршума го погодил Урибе во главата.
Колумбиската влада категорично и енергично го осуди нападот, нарекувајќи го чин на насилство не само против личниот интегритет на сенаторот, туку и против демократијата, слободата на мислата и легитимното занимавање со политика во Колумбија