Вести Македонија

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Полициското одморалиште во Пониква ќе биде ставена на располагање за рехабилитација и продолжена медицинска нега на повредените од пожарот во Кочани, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Објектот располага со 27 соби и 56 кревети, а се наоќа во мирна и здрава природна средина. Покрај здравствената компонента, престојот на Пониква за има пациентите има и важен психолошки и социјален аспект за пациентите од Кочани.

Станува збор за пациенти кои се веќе стабилизирани, но кај кои постои реална потреба за понатамошен третман, се со цел да се спречат и намалат долгорочните последици од изгорениците, како и други можни компликации коишто се поврзани со подолготрајното лекување, информираа од владата.

Без конкретен одговор на барањето за оставка на Мицкоски и Тошковски од најблиските на загинатите во Кочани-  владата ја разбира болката и обвинува политички структури за некрофилија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе