Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации, Марјан Ристески, очекува наскоро да бидат донесени законските измени за репрезентативноста на синдикатите и да заседава Економско-социјалниот совет. Во Собранието се поднесени законски измени со кои се спушта прагот за утврдување на репрезентативност.
Со ова, Владата отвори пат за влез на Конфедерацијата на слободни синдикати во Економско-социјалниот совет. По отворениот судир меѓу Владата и Сојузот на синдикати на Македонија околу минималната плата, работата на Економско-социјалниот совет е блокирана – седници не се одржуваат бидејќи Владата со месеци ги брои членовите на Сојузот на синдикати за да им утврди репрезентативност.
Претходно, премиерот ги отфрли тврдењата дека станува збор за политичка агенда, а Ристески вели дека ако има повеќе синдикати, подобар ќе биде социјалниот дијалог и тоа ќе биде во корист на работниците.