Вести Македонија Најважни

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Владата воведува нова телефонска линија – 070 355 526, преку која повредените во пожарот во дискотеката во Кочани и и нивните семејства ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби. Линијата ќе се активира од понеделник, а раководител ќе биде Канцеларијата на претседателот на Владата.

„Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, која ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства. Оваа линија нема да биде само контакт, туку жив канал на комуникација преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање и со персонализиран пристап за секој случај“, изјави на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.

Портпаролката на Владата објасни дека целта на линијата е засегнатите преку овој телефонски број да може директно да ја исконтактираат владата и да ги проследат нивните барања и потреби со цел побрзо да се превземат мерки за нивно решавање.

Митева истакна дека овој чекор е резултат на директната комуникација на терен на работната група за евалуација на состојбата на повредените.

„Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни“, рече Митева, додавајќи дека поддршката не треба да биде еднократна, туку континуиран процес.

Дополнително Владата разгледувала можност и за отворање на канцеларија во Кочани со цел да се подобрат условите во болницата со цел повредените да не патуваат во Скопје за мединциска интервенција.

„Ова е тема на дискусија во рамките на Владата и е резултат на информациите од работната група. Наскоро ќе објавиме и план како сето ова треба да се реши“, најави Митева.

На 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе