Полицијата и федералните агенти започнаа со апсење на илегални мигранти откако Трамп претходно издаде извршна наредба која се однесува на заштита на нацијата.
Во центарот на Лос Анџелес полициските службеници ги опколија населените места со цел да ги уапсат мигрантите кои нелегално престојуваат во САД. Приведени се десетици демонстранти, кои се обидоа да ги спречат апсењата на мигрантите, а останатите беа погодени со шок бомби.
Полицијата го прогласи собирот на демонстранти како незаконски и најави дека дополнително сите кои не го напуштиле ќе бидат уапсени.
Градоначалничката на Лос Анџелес ги осуди антимигрантските акции и нагласи дека ваквите тактики претставуваат терор и ги кршат основните принципи на безбедноста во градот.
По издадената наредба на Белата Куќа илјадници мигранти преку скоро сите механизми ја изгубија можноста легално да престојуваат во САД. Службата за имиграција и царина објави дека досега во еден ден се приведени на 2 илјади лица, што ја надминува границата на апсења низ целата земја, а се очекува бројка да порасне.
Една од главните цели на предизборната кампања на Трамп беше да се спречи нелегалната имиграција која според него ја загрозува земјата. Освен миграциите, Трамп издаде наредба со што меѓународните студенти се спречени да се запишуваат и студираат на Универзитетот Харвард за да се зачува националната безбедност. Федералниот судија издаде привремена забрана за наредбата, а Харвард дополнително поднесе тужба.
Покрај забраната за мигранти, Трамп додатно издаде наредба и ги ограничи државјаните од 12 земји да добијат виза за влез во САД.
Теа Димковска
BREAKING – Democrats are now vandalizing the federal detention center in Los Angeles, but local police are unable to assist and no arrest have been made because Mayor Karen Bass refuses to allow them. pic.twitter.com/O8HodZtgmo
— Right Angle News Network (@Rightanglenews) June 7, 2025