Втората половина од викендот ни носи стабилно, сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максимумот од 30 до 38°C.
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
10 Крива паланка, Берово, 8 Велес, 2 Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Маврови Анови.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 17.5, Преспанско Езеро 17.0, Дојранско Езеро 20.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/