Македонија денеска ќе го добие својот ракометен шампион. Дали Вардар ќе ја врати титулата во Скопје по двегодишна пауза или таа повторно ќе остане во Битола кај Еурофарм Пелистер ќе се знае по исходот на последното сезонско дерби.
Вардар денеска од 19:30 часот во „Јане Сандански“ го пречекува Еурофарм Пелистер во рамки на последното 10.коло во плеј-офот во Супер лигата. „Црвено-црните“ се во пол-позиција да ја освојат титулата, но за такво нешто не смеат да си дозволат пораз. И со реми скопјани ќе се радуваат на трофејот, бидејќи во плеј-офот на првата меѓусебна пресметка во Битола славеа со 35-34. На „зелено-белите“ не им останува ништо освен да победат во Скопје ако сакаат да ја задржат титулата.
Вардар го победи Еурофарм Пелистер во финалето од Купот во Охрид минатиот викенд со 31-27, па домашните ќе се надеваат на повторување на сценариото за обединување на двете круни во македонскиот ракомет.
РАКОМЕТ СУПЕР ЛИГА
ПЛЕЈ-ОФ (10.КОЛО)
ВАРДАР – Е. ПЕЛИСТЕР (19:30 ЧАСОТ)
ОХРИД – ТИКВЕШ (20 ЧАСОТ)
БУТЕЛ – АЛКАЛОИД (УТРЕ, 17 ЧАСОТ)
ПЛЕЈ-АУТ (10.КОЛО)
ПРИЛЕП – СТРУГА
Т. ПРОЛЕТ – РАДОВИШ