Вести Економија Топ вести

Трошењето на домаќинствата го движи БДП

Растот на платите, трошењето на домаќинствата и градежништвото  се главни двигатели на БДП кој според статистика во првиот квартал годинава е за три проценти повисок од лани. За Владата евидентираниот раст е помогнат од политиките кои се носат за стабилизација на економијата. Познавачите пак сметаат дека треба да се има предвид дека споредбата се прави со период кога почнале подготовките за  изборите лани , кога вообичаено економијата на некој начин е забавена.

Мораме да имаме предвид дека се споредуваме со квартал од 2024 година кога почнаа предизборните активности односно системот беше доведен во онаа изборна летаргија односно не работење на системот пред избори кога прво имаме  пониска основа на која се споредуваме, вели за Телма, Виктор Митевски од ЗМАЈ- здружение за истражување и анализи

Статистиката покажува благ раст ка извозот но значителен скок од 5, 8 отсто кај увозот.  Според Митевски ова се должи на тоа што речиси сите  материјалите за во градежништво- секторот двигателот на растот  се од увоз, па дури продукти кои е користат во преработувачката индустрија. Сето тоа може да влијае на инфлацијата која за министерката за финансии Кочоска е комплексен проблем. Тврди дека нема да оди нагоре, но како ќе се делува да нема скок се уште се разгледуваат опции.

Мене многу повеќе ме загрижува а тоа е дека просечната плата ќе расте зошто нема работна сила и компаниите во приватниот сектор имаат проблем со ова, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Експертите пак сметаат дека освен  високите плати голема опасност за скок на инфлацијата се економските оператори.

Во моментов правиме една анализа на инвестиции во образованието и можеме јасно да видиме дека цените постигнати на јавни набавки се два до три пати повисоки од пазарните цени за истите тие услуги кои ги гледаме на отворениот пазар, додава Митревски

За реален и брз раст потребна е борба против корупцијата нешто за што постојано се зборува но и континуирани контроли, а не моментални кои се случуваат кога има проблем со цените.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе