Вести Свет Топ вести

Протести против воведувањето на еврото во Бугарија

Во Бугарија продолжуваат протестите против воведувањето на еврото, иако земјата ги исполнува условите за приклучување кон еврозоната.

Граѓаните стравуваат од инфлација и поскапувања, а популистички и проруско ориентирани партии го користат незадоволството за политички поени и бараат референдум.

Европската комисија денеска ќе објави дали Бугарија ги исполнила критериумите за влез во еврозоната.

Владата ја поддржува евроинтеграцијата, додека претседателот Радев ја поддржува потребата од референдум.

Анкетите покажуваат дека половина од Бугарите се против, но економистите велат дека приклучувањето нема да предизвика големи краткорочни промени, а ќе донесе и придобивки како пониски трошоци за задолжување и подобра интеграција во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе