Вести Македонија Топ вести

Лекарите се задоволни од процесот на рехабилитација на повредените од кочанската дискотека

Лекарите се задоволни од процесот на рехабилитација на повредените од кочанската дискотека, кои секојдневно се на одделенијата за Физикална терапија во Штип и Кочани. Физијаторот од штипската Клиничка болница, Никола Костадинов вели дека лекувањето на младите пациенти ќе биде долг, а ефектите од физикалната терапија веќе се гледаат. Во штипската болница се седум, а во кочанската болница се 42 пациенти, кои се на физикална терапија. Дополнително над 70 пациенти се на преврски и за нив се грижат тим од хирурзи во кочанската болница.

„Во однос на рехабилитацијата на пациентите, повредени во дискотеката, е добра. Сите трансплантантите се прифатени и во однос на раздвижувањето на зглобнииот дел работите одат во нагорна линија. Најголем дел од повредените се со изгореници на шаките, дел од повредените имат изгореници на вратот и рамењата, но имаме и трауматски повреди и ампутации” изјави д-р Никола Костадинов, раковидител  на Физикална терапија, Штип.

Физијатрите и физиотерапевтите од штипската Клиничка и кочанската Општа болница очекуваат од понеделник да им помогаат и колегите од болницата Осми септември и од Институтот за физикална терапија во Скопје. Костадинов смета дека лекувањето на повредените може да трае и во наредните две години. На штипското одделение за Физикална терапија се подготвува и посебен дел, каде што ќе се работи само со повредените во пожарот во дискотеката.

„Во моментот во кочанската Општа болница има работна машина за горни екстремитети која го олеснува процесот на рехабилитација. Се надеваме дека во наредниот период таков апарат со кој добиваме побрзи резултати, ќе добиеме и во Штип“ додава д-р Никола Костадинов, раководител на Одделението за физикална терапија, во Штип.

Здравствените работници  од Штип и Кочани, вклучени во процесот на рехабилитација завршија  шестнеделна обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина,  сертифицирана исклучиво за пациенти со изгореници. Во најголемата трагедија во земјава 62 млади луѓе загинаа, а околу 200 беа повредени.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе