Судскиот совет на РМ го разреши судијата Енвер Беџети кој се најде на американската „црна листа“, но тој има право на жалба.
Според претседателот на Советот Александар Камбовски, ако е незадоволен од одлуката Беџети има право на жалбена постапка.
Во врска со ослободувањето од притвор на Асмир Јахоски, случај за кој изминативе денови многу се коментираше, претседателот на Судски совет Александар Камбовски посочи дека за таа судска одлука бил запознат од медиумите.
Тоа е судска одлука, а од она што го следев од медиумите, таму согласноста ја дало Основното јавно обвинителство.
Судскиот совет нема ингеренција да се меша во секоја судска одлука, бидејќи дневно се носат илјадиници судски одлуки, рече првиот човек на Судскиот совет.