СВР Скопје води постапка за случајот со наводни закани упатени кон градоначалничката Данела Арсовска од возач на „мерцедес“ на булевар „Словенија“.
Осомничениот 39 годишник негира дека го сторил наведеното дело, но признал дека бил на местото на настанот.
Меѓувреме, Арсовска се огласи со јавно обраќање до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека функционери поврзани со ДУИ се обидуваат да легализираат дивоградби во општина Чаир со институционално покритие.
Таа директно го прозва Мицкоски дека ги брани, а не ги гони, и порача: „Не ви се плашам и не се повлекувам.“
Обраќањето доаѓа во пресрет на седницата на Советот на Град Скопје, каде што ќе се расправа за урбанистичкиот криминал во Чаир, прашање што, според Арсовска, може да отвори пошироки истраги.