Вести Култура Топ вести

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад (Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, режисер; Федор Шили, драмски писател; Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател) на завршната седница, одржана касно вечерта на 2 јуни 2025 година, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

Одлуката е донесена едногласно.

Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во театарот на овие простори и по подолго време го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал, соопштуваат од МНТ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв состанок на контакт групата за помош на Украина без учество на САД – Зеленски побара зголемување на воената помош

Дејан Дејан

Бислимовски: Не очекувам дека ќе има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Дејан Дејан

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе